Во минатото на Градешка Река функционирале голем број на воденици. Минувајќи покрај село Старавина, па се до вливот во Црна Река реката има кањонска долина. Во близина на село Зовиќ минува под „Камениот мост“, кој е еден вид симбол на Мариово, а малку подолу, во месноста Еленик се спојува со реката Сатока, по што на 410 м.н.в. заедно се вливаат во Црна Река, во близина на манастирот Чебрен.