Во рамките на проектот „Само-водечки тури низ регионот Мариово“ беа изработени и видеа на знаковен јазик за секоја од туристичките атракции.
На овој начин се надеваме дека локациите во Мариово ќе станат попристапни за лицата со оштетен слух и говор, кои користејќи го својот мобилен телефон како водич, ќе можат самостојно да го истражуваат регионот.