Сместена во долно маало во село Градешница (повеќе за село Градешница…), Мариово, во непосредна близина на чистата и живописна Градешка река, нашата вила претставува одлично место за сите оние кои бараат спокој и природна убавина. Село Градешница го одбират многу посетители кои сакаат да се изолираат од градскиот метеж и да се одморат во природа. Нашата вила ќе ви овозможи удобен и пријатен престој.
Внатрешниот простор е уреден со внимание кон детали и сите неопходни удобности за гостите, а имате и можност да уживате во прекрасниот поглед кон Градешка река од приватната тераса на вилата.
Посетете не и искусете ја убавината на село Градешница, Мариово.