Традиционално уредена, куќата е сместена веднаш до густата шума, дебелите сенки во дворот ви овозможуваат совршено разладување во жешките летни денови.
Во горниот спрат од куќата, гостите имаат на располагање две традиционално опремени соби, со по три легла, а на долниот спрат се заедничките простории за дневен престој, кујната и тоалетот.