Пчеларник Стојановски, село Зовиќ

Зовиќ, а и целиот Мариовски регион е погоден за апикултура, поради климата, чистата околина, вода и воздух. Пчеларската традиција за Благоја Стојановски од Зовиќ почнала одамна, кога тој имал само 8 години.

Мапа

Во тоа време, тој одгледувал 5 до 6 пчеларски фамилии, за сега тој број да е околу 200. Неговата голема љубов и напорна работа овозможија тој да е успешен и посветен пчелар со многу задоволни клиенти. Иако пчеларството е работа со предизвик и обврски, Благоја се дружи со неговите ‘’втори деца’’ веќе 45 години, а после неговото пензионирање од армијата, тој ужива во неговата моментална работа со цело работно време.

Сопругата и двете деца му помагаат во работните задачи, и тоа веќе прераснува во мал семеен бизнис. Моментално произведува само мед, кој е органски и непреработен,  без рок на траење и може да се конзумира децении дури и векови.