Сигурносни препораки:

Ве молиме пред да го започнете вашето патување, добро да ги прочитате и почитувате сигурносните препораки.

  • Доколку сте алергични или имате потреба од лекарства, имајте во предвид дека најблизок урбан центар е градот Битола. Во селата нема аптеки, амбуланти или други медицински установи.
  • Деца под 18 години мора да бидат придружувани од родител или старател.
  • Доколку се движите надвор од населено место, се препорачува да сте во придружба на водич или да известите некој од локалните жители за Вашата планирана траса на движење и предлог локации за посета.
  • При посета на црквите, доколку палите свеќи задолжително почекајте истите да догорат или пак изгаснете ги пред напуштањето на објектот, поради опасност од пожар.
  • Се препорачува да си носите со себе вода за пиење или пак да пиете единствено од проверени извори. Водата од селскиот водовод не е препорачлива за пиење.
  • Движењето е предвидено во склоп на локални селски и шумски патишта, кои се користат од страна на селското население за различни намени. Иако фреквенцијата на овие патишта е исклучително мала, се препорачува внимание при движењето поради можноста за појава на стока, дивеч или друг вид препреки на патот.

Препорачана опрема:

  • соодветна облека и обувки за движење во природа;
  • очила за сонце со UV филтер;
  • заштита од сонце (препорачано над SPF 30);
  • средства и лекарства против инсекти и алергии.

Заштита на животната средина

  • Строго е забрането и е казниво со закон било какво загрозување на животната средина.
  • Ве молиме одговорно да се однесувате за време на вашата посета, да се грижите за животната средина, да не фрлате отпушоци и други запаливи материи.

Поважни телефонски броеви и контакти:

*На одредени локации во селата нема покриеност со телефонски сигнал.

  • Полиција: 192
  • Противпожарна служба: 193
  • Амбуланта: 194
  • Повикувачки број за Македонија: 00389
  • AMSM помош на пат: 987
  • Информации: 188

Здружение Оф Роуд Македонија

Општинa Новаци

  • Адреса: с. Новаци
  • Е-маил: novacio@t.mk
  • Телефон: +389 (0)47 203 060
  • https://opstinanovaci.gov.mk