Вила Димитрија

Вила Димитрија – етно вила со уникатен модерен стил во недопреното Мариово

Мапа

Вила Димитрија – етно вила со уникатен модерен стил во недопреното Мариово

Мариово е област карактеристична по својата историја, традиција и култура, а со својата прекрасна природа остава без зборови. Доколку сте заинтересирани за престој во овој регион, во селото Зовиќ, тогаш вистински избор за вас е уникатното сместување во етно стил – Вила Димитрија.

Вилата има 2 ката, а горниот располага со спална соба со еден брачен и два единечни кревети за гостите. Капацитетот е за 4 лица со можност за договор за уште две лица.

Гостите ќе можат да се опуштат и во дневна соба која е опремена со телевизор, интернет, додека греењето е со камин, самите гости можат да прават скара, и пробаат некое традиционално јадење, вилата располага и со приватен паркинг.

Околината на Вила Димитрија е тивка и мирна, а во близина се наоѓа филмскиот мост на Милчо Манчевски, а има и предели за планинарење, риболов и посета на околните манастири и села

Во вилата е дозволен влез на домашни миленици, има простор за остава на велосипеди, со можност да се изнајмат велосипеди од домаќините.

За повеќе детали и резервации може да ги контактирате на телефонскиот број 076 449 112