Селото било целосно расселено за време на Првата светска војна бидејќи било на самата фронтова линија. Во селото била сместена бугарската војска, а селаните биле протерани од нивните домови.
Од бомбардирањата, скоро сите куќи биле разрушени, а тешко била оштетена и селската црква „Св. Никола“. По војната црквата била обновена и денес таа е збиралиште на зовичани за празникот Св. Никола во месец јуни, а особено за Богојавление – Водици, кога се одржува посебен обред со специфични детали кои не се среќаваат во ниедно друго место.
Во близина на селото, на ридот Марта, се наоѓа и црквичето „Свети Атанасиј“ изградено во XVII век.
На околу еден час пешачење, покрај Црна Река, се наоѓа манастирот „Св. Димитрие“ – Чебрен, чиј патрон е заштитник на селото.