Скулптурата е тешка околу два тона и е создадена од шрапнели, бомби, шлемови и други остатоци од Првата светска војна. Градешница е родно село на уметникот и лично тој долго време ги собирал остатоците по линијата на фронтот. Употребата на некогаш убиствените експлозивни средства за споменик, на кој е претставен коњ со дигната нога,ја симболизира победата на животот над смртта.
Овој споменик е еден од ретките во Република Македонија, кој е направен во спомен на сите жртви од Првата светска војна, воени и цивилни, независно од нивната верска и национална припадност.