Некои автори сметаат дека црквата потекнува од XIV век или од XV век, но истражувањата на други автори, дел од живописот и ѕиданиот иконостас, го датираат во почетокот на XVI век.
Посебно место во црквата зазема масивниот камен иконостас кој го дели наосот од олтарниот простор. Иконостасот на црквата спаѓа во типот на изѕидани, кои најрано се појавуваат во XIII век на териториите под византиска доминација.
Наместо насликани икони на дрво, иконостасот е украсен со ѕидно насликани икони со претстави на Исус Христос Спасител, свети Димитрие, највпечатливата претстава на Богородица од типот Елеуса или Богородица Милостива со малиот Исус и свети Никола.