Имајќи го секогаш квалитетот во прв план, во етно куќата се приготвува свежа и автентична храна од регионот Мариово. Традиционалното Мариовско сирење, месо под сач, домашен леб, зелник и секогаш свежи салати од домашната градина, се специјалитетите кои ќе Ви останат долго време во сеќавање.
Ресторанот има капацитет од околу 50 гости и задолително е да се најавите барем еден ден претходно. За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, Етно куќата има на располагање и 4 автентично уредени соби со вкупно 11 кревети, заеднички тоалет во објектот и плус 2 тоалети надвор.