Манастирот „Св. Илија“ во месноста Брен во близина на село Градешница е познат по ладната вода од бренското чешмиче, која според легендата со помош на специјален подземен систем се носела до тврдината Пешта.
Слушнете аудио
Видео на знаковен јазик
Мапа
Постои интересно верување кај локалното население, според кое вода од Брен никогаш не се носи за дома. Можи да се напиете од изворот и да понесите вода со себе доколку одите по некоја работа в планина, но ретко ќе сретните некој од локалните жители да полни вода за дома од овој извор.
Секоја година на 1-ви август манастирот го посетуваат голем број на гости, а вечерта и другиот ден прославата продолжува во селото. Интересно е дека манастирот го посетуваат гости од сите села во Мариово, но и иселеници од Градешница од целиот свет, кои својата посета на Македонија ја темпираат да биде токму во овој период.