Во минатото постоела строга поделба на капалиштето на „машки“ и „женски“ дел, а посебна атракција биле акробациите од карпите „прва“ до „седма“ кои се изведувале во машкиот дел.
Од изворите на реката до ова место практично не постои никаков човечки фактор на загадување, па така често може да се види и локалното население како пие вода директно од реката.