Во селото се наоѓа храмот „Св. Николај Чудотворец“ (1875-78 год) и храмот на „Св. Димитриј“ во поранешното село Трново. Во близина на селото минува реката Белица, која со својата боја и чистина претставува вистинска атракција за љубителите на природата и омилено место за разладување на локалното население.