Мостот стана познат по филмовите кои Милчо Манчевски, најпознатиот филмски режисер во Македонија, ги сними на ова место и оттогаш го добива епитетот „Филмски“.
Во 2014 година преку проект финансиран од Европската Унија, мостот е реставриран и го добива својот сегашен лик.
Веднаш пред Камениот мост на висока карпа се наоѓа живопис со приказ на свети Ѓорѓи, кој датира од 1925 година. На живописот централно е поставена фигурата на свети Ѓорѓи на бел коњ, со развиорена црвена наметка, како го убива аждерот. Живописот е реставриран во 2006 година.