Во 1997 год, била формирана општина Старавина, во која влегувале селата од битолско Мариово, која подоцна е припоена кон општина Новаци. Според пописот од 2002 година, село Старавина имало 22 жители.
На влезот во селото, од десната страна, е објектот т.н. „Горна црква“, која според кажувањата на локалното население, била црква градена од српската власт по Првата светска војна. Намерата била подрумот од истата да послужи како костурница за загинатите српски војници на овој дел од Македонскиот фронт.