Црква „Свети Никола“, село Зовиќ, XIX век
Црквата „Св. Никола“ во село Зовиќ е изградена 1862 година, со залагање на месното население, како еднобродна црква со правоаголна основа, изѕидана од делкан камен и варов малтер, со полукружна апсида на исток и влезови на запад и на југ.
Над истите влезови во полукружни ниши насликани се допојасни претстави на св. Никола и св. Недела.
На јужниот ѕид се наоѓа вградена плоча со натпис каде се споменува годината (1862) и ктиторот на црквата (архиепископот пелагониски Венедикт).
Како и многу други, и оваа црква претрпела оштетувања за време на Првата светска војна. Поради тоа во 1927 година се извршени поправки на црквата со залагање на локалното население. За ова постои податок вграден на фасадите на црквата како релјефни камени плочи каде се прикажани ктиторите, дедо Богдан Секилковиќ и дедо Ангеле Ангелевиќ. Тие потекнувале од селото Зовиќ и како поимашни и угледни луге најмногу ја финансирале обновата на црквата. Како благодарност до нив изработени се релјефните камени плочи, каде тие се прикажани во локална народна носија.
Црквата „Свети Никола“ е дело на локални градители и зографи.