Вулкански карпи
Како природна реткост е неопходно да се споменат бројни денудациони форми од карпи од вулканско потекло во атарите на селата Крушевица, Чаниште, Дуње, Пештани, Кокре, Кален, Гудајково, Живово, Орле, Маково, Рапеш, Брник, Ивени, како и посебните природни форми со куполести или остри врвови во атарите на селата Витолиште, Полчиште, Бешиште, Градешница и Старавина. Некои од поголемите форми, како врвот Панделе кај Полчиште или Пешта меѓу Градешница и Старавина, се особено атрактивни.