Првите децении на XIV- от век, од кога датира манастирската црква Свети Димитрие, односно периодот од 1282 година, делови од Македонија се под византиска и доминација на српските средновековни владетели. Во XIV век Македонија се повеќе станува еден од позначајните уметнички центри на Византија. Со тежиште кон Солун, таа без сомнение била главен преносен пункт во процесот на ширењето на византиската уметност во Бугарија, Србија и Русија. За црквата постојат податоци дека повторно била обновена и живописана во XVI век. Во тоа време на југоисточниот агол на античкото обѕидие изградена е една друга црква, посветена на св. Илија.