Село Градешница – Мариово – само-водечка пешачка тура
Сместено во живописната долина на Градешка Река, Градешница е најголемо село во битолскиот дел на Мариово. Се верува дека најпознатиот претставник на македонската шегобијна мудрост – Итар Пејо, потекнувал токму од ова село.
-
Локација: Село Градешница, Мариово
-
Вид на тура: Пешачка тура
-
Тежина на турата: лесна
-
Должина на трасата: ~ 3.5 km
-
Времетраење: ~ 2 ч
Атракции

Темнички вир, село Градешница Темнички вир е капалиште на Градешка река, во близина на црквата „Св. Спас“. Ладната вода не ги поколебува посетителите, кои во летниот период често може да се сретнат на ова место, како се разладуваат и уживаат …
Read More
Read More

Остатоци од комплекс на Римски вили во село Градешница Со археолошките истражувања во регионот Мариово од 1990-1996 година, на местото на денешните цркви „Св. Андонија“, „Св. Спас“ и „Св. Ѓорѓи“ во село Градешница е потврдено постоењето на комплекс од римски …
Read More
Read More

Градешка Река, Мариово Градешка Река извира на планината Козјак од 1600 м.н.в. Собирајќи ги водите од изворите под Кравица и Добро Поле, во горното течение реката е позната и како Урупска, а поради своето камено корито, кое изобилува со падови …
Read More
Read More

Црква „Свети Никола“, село Градешница, XIX век Црквата „Свети Никола“ во село Градешница по својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на деветнаесетовековните, преродбенски цркви. Изградена е во центарот на селото во 1862 година, а дваесетина години подоцна била …
Read More
Read More

Споменик „Победа – 100 години потоа“ – с. Градешница, Мариово Споменикот „Победа – 100 години потоа“ е донација на уметникот и скулптор, Златко Бојковски, а е посветен на сите жртви од Првата светска војна. Изработен е по повод 100-годишнината од …
Read More
Read More

Црква „Свети Димитрие“ во село Градешница, XIV – XV век Црквата „Свети Димитрие“ во село Градешница е од типот на еднобродна градба со правоаголна основа. Градена е од делкан и полуделкан камен кој е употребен и за полукружниот свод. На …
Read More
Read More

Село Градешница, Мариово Градешница е ридско село во долината на Градешка река на 850 метри надморска висина. Не се знае точно кога настанало селото, но според археолошките наоди на ова место постои континуитет на живот од праисторија. Слушнете аудио https://ruraladventure.mk/wp-content/uploads/2021/02/18_mk_s_gradeshnica.mp3 …
Read More
Read More
Мапа
- Ваша локација