Добро Поле – Мариово – велосипедска тура
Добро Поле е местото каде за време на Првата светска војна се случила одлучувачката битка и каде бил пробиен Македонскиот фронт. Според некои историчари, Добро Поле е почетокот на крајот на Првата светска војна.
*Добро Поле е сместено на државната граница со Република Грција и за посета на локацијата неопходно е да набавите дозвола од полициската станица во село Новаци.
*Препорачан начин на превоз: планински велосипед, теренско 4х4 возило
*Се препорачува придружба на водич кој добро ги познава условите на теренот.
-
Локација: Добро Поле - локација од Првата светска војна во регионот Мариово на границата со Република Грција
-
Вид на тура: Туристичко возење со планински велосипед (само-водечка тура)
-
Тежина на турата: тешка
-
Должина: 55 km (30.8 mi)
-
Времетраење: ~ 8 ч
-
Трасата од оваа тура е погодна и за 4х4 возила
Атракции

Село Градешница, Мариово Градешница е ридско село во долината на Градешка река на 850 метри надморска висина. Не се знае точно кога настанало селото, но според археолошките наоди на ова место постои континуитет на живот од праисторија. Слушнете аудио https://ruraladventure.mk/wp-content/uploads/2021/02/18_mk_s_gradeshnica.mp3 …
Read More
Read More

Црква „Свети Димитрие“ во село Градешница, XIV – XV век Црквата „Свети Димитрие“ во село Градешница е од типот на еднобродна градба со правоаголна основа. Градена е од делкан и полуделкан камен кој е употребен и за полукружниот свод. На …
Read More
Read More

Споменик „Победа – 100 години потоа“ – с. Градешница, Мариово Споменикот „Победа – 100 години потоа“ е донација на уметникот и скулптор, Златко Бојковски, а е посветен на сите жртви од Првата светска војна. Изработен е по повод 100-годишнината од …
Read More
Read More

Црква „Свети Никола“, село Градешница, XIX век Црквата „Свети Никола“ во село Градешница по својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на деветнаесетовековните, преродбенски цркви. Изградена е во центарот на селото во 1862 година, а дваесетина години подоцна била …
Read More
Read More

Градешка Река, Мариово Градешка Река извира на планината Козјак од 1600 м.н.в. Собирајќи ги водите од изворите под Кравица и Добро Поле, во горното течение реката е позната и како Урупска, а поради своето камено корито, кое изобилува со падови …
Read More
Read More

Село Старавина, Мариово Во 1953 година село Старавина имало 741 жители и било административен центар на „битолскиот“ дел од Мариово. Во селото имало касарна, полиција, пошта, амбуланта и основно училиште (изградено 1950 год.) до кое секојдневно, пешки, по неколку километри …
Read More
Read More

Манастир „Св. Атанасиј“, село Старавина Манастирот „Св. Атанасиј“ е лоциран на месноста наречена Старавински вис, на 1040 метри надморска висина во близина на село Старавина. Слушнете аудио https://ruraladventure.mk/wp-content/uploads/2021/02/27_mk_sv_atanasij_staravina.mp3 Видео на знаковен јазик Мапа +389 75 237 778 ilcekasap@hotmail.com Facebook …
Read More
Read More

Пробивот на Добро Поле – Прва светска војна Планот за пробивот на фронтот започнал да се подготвува уште во текот на месец јуни, кога за командант на Источната армија (сојузнички војски на Македонскиот фронт), бил поставен францускиот генерал Франше Д …
Read More
Read More
Мапа
- Ваша локација