Приказната за Калеш Анѓа и Тврдината Пешта – само-водечка пешачка тура
Тврдината Пешта е позната по приказната за Калеш Анѓа, убавата девојка од Мариово, која е симбол на македонскиот непокор за време на Отоманското владеење. Трасата која низ село Градешница Ве води до манастирот „Брен“ и тврдината „Пешта“ е одлична можност да дознаете повеќе за бурното минато на регионот Мариово.
-
Локација: Село Градешница, Мариово
-
Вид на тура: Само-водечка планинарска тура
-
Тежина на турата: лесна
-
Должина на трасата: ~6.5 km
-
Времетраење: ~ 3-4 ч
Атракции

Село Старавина, Мариово Во 1953 година село Старавина имало 741 жители и било административен центар на „битолскиот“ дел од Мариово. Во селото имало касарна, полиција, пошта, амбуланта и основно училиште (изградено 1950 год.) до кое секојдневно, пешки, по неколку километри …
Read More
Read More

Тврдината Пешта, Мариово Пешта е тумба помеѓу селата Градешница и Старавина. Најраните откриени археолошки остатоци на ова место потекнуваат од Римско време, а поради исклучително погодната стратешка позиција, можно е да се користела и пред тоа. Слушнете аудио https://ruraladventure.mk/wp-content/uploads/2021/02/25.2_mk_peshta.mp3 Видео …
Read More
Read More

Манастир „Свети Илија“ – Брен, село Градешница Манастирот „Св. Илија“ во месноста Брен во близина на село Градешница е познат по ладната вода од бренското чешмиче, која според легендата со помош на специјален подземен систем се носела до тврдината Пешта …
Read More
Read More

Црква „Свети Никола“, село Градешница, XIX век Црквата „Свети Никола“ во село Градешница по својата архитектура и сликарска програма претставува типичен примерок на деветнаесетовековните, преродбенски цркви. Изградена е во центарот на селото во 1862 година, а дваесетина години подоцна била …
Read More
Read More

Споменик „Победа – 100 години потоа“ – с. Градешница, Мариово Споменикот „Победа – 100 години потоа“ е донација на уметникот и скулптор, Златко Бојковски, а е посветен на сите жртви од Првата светска војна. Изработен е по повод 100-годишнината од …
Read More
Read More

Црква „Свети Димитрие“ во село Градешница, XIV – XV век Црквата „Свети Димитрие“ во село Градешница е од типот на еднобродна градба со правоаголна основа. Градена е од делкан и полуделкан камен кој е употребен и за полукружниот свод. На …
Read More
Read More

Село Градешница, Мариово Градешница е ридско село во долината на Градешка река на 850 метри надморска висина. Не се знае точно кога настанало селото, но според археолошките наоди на ова место постои континуитет на живот од праисторија. Слушнете аудио https://ruraladventure.mk/wp-content/uploads/2021/02/18_mk_s_gradeshnica.mp3 …
Read More
Read More
Мапа
- Ваша локација